Израел Адесања ја врати титулата во средна категорија на УФЦ 287, откако во четвртиот меѓусебен меч, конечно, го победи Алекс Переира со брутален нокаут во втората рунда.
Во првата рунда, двајцата фајтери беа внимателни без некои позначителни удари, а во втората рунда, во моментите кога изгледаше дека Переира ја има предноста со одлична комбинација и удар со коленото, Адесања врати со два силни удари со десницата и го „уништи“ својот противник.
Адесања претходно го запиша својот единствен пораз во УФЦ токму од Переира, а претходно загуби уште двапати од противникот во кик-бокс мечеви.
ADESANYA JUST SLEPT PEREIRA
— 🌴ᴛʜᴇᴀʀᴛᴏꜰᴡᴀʀ🌴 (@TheArtOfWar6) April 9, 2023
ISRAEL ADESANYA WITH THE KO! HE’S BACK!
— Complex Sports (@ComplexSports) April 9, 2023