Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг смета дека напорниот календар кој го имаат „ѓаволите“ оваа сезона придонел за повредата на нивниот најдобар фудбалер оваа сезона, Маркус Рашфорд на вчерашниот меч со Евертон.
Рашфорт беше заменет во 81. минута откако се пожали на повредата на десната нога, и Тен Хаг смета дека многуте натпревари се виновни за ваква ситуација – Јунајтед уште играат во ФА купот и Лига Европа и во исто време ловат топ 4 пласман во Премиерлигата.
„Не сум доктор и не можам да дадам проценка. Тој се пожали на повреда и сега ќе треба да почекаме и да видиме што ќе се случи. Неекои работи не можат да се избегнат, а некои би можеле. Зошто Премиерлигата ни дава доцен меч во недела навечер, минатата недела против Њукасл, а сега ни дава ран натпревар во сабота. На фудбалерите им е потребен одмор а да се опорават и работите се собираат“, вели Тен Хаг.