Top Sport

Бензема (засега) ги одбил Саудијците, сака да продолжи во Мадрид

Карим Бензема е заинтересиран да отвори фудбалска академија во Саудиска Арабија, но засега се фокусира само на Реал Мадрид и планира да биде дел од „кралевите“ и следната сезона, јавува „Марка“.

По скапото носење на Кристијано Роналдо во Ал-Наср, повеќе саудиски клубови се заинтересираа за другите големи ѕвезди, како Лео Меси, Лука Модриќ и Бензема, нудејќи мултимилионски договори, но тоа засега не го интересира Французинот кој повторно игра во голема форма, како што покажа со хет-трикот против Барселона во мечот од Копа дел реј.

Бензема веќе 14 сезони е на „Сантијаго Бернабеу“, период во кој освои фантастични 24 титули.

Scroll to Top