Top Sport

Тренерот на Борац се сомнева во регуларноста на АБА лигата

Тренерот на Борац Чачак, Дејан Мијатовиќ, по поразот од Црвена звезда (87:82), на прес конференцијата изјави дека се сомнева во регуларноста на АБА лигата.

Борац во последното коло ќе треба да избори опстанок, но го очекува тешка задача бидејќи ќе готува кај Будуќност. Во случај на пораз и победа на МЗТ над Цибона, екипата од Чачак ќе испадне од АБА лигата.

„Сега се вртиме на натпреварот во Подгорица, остануваат уште 40 минути. Не знам што да кажам за овие случувања во последните три-четири кола. Се надевам дека вистината ќе излезе на виделина кога сето ова ќе заврши. Секоја чест уште еднаш на моите момци за се што пружија бидејќи им беше психолошки тешко да го одиграат овој натпревар поради се што се случуваше“, изјави Мијатовиќ.

Scroll to Top