Екипата на Интер отпатува за Лисабон без двајца важни играчи. Интер, утре ќе и гостува на Бенфика, во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
„Газета дело Спорт“, објави дека со тимот не отпатувале Милан Шкрињар и Хакан Чалханолу. Двајцата се уште се повредени. Тренерот Симоне Инзаги се надева дека Шрињар и Чалханоглу ќе бидат подготвени за реваншот против Бенфика.
Со оглед на нивното отсуство, утре се очекува стартери да бидат Матео Дармијан во одбраната и Марсело Брозовиќ во средниот ред. Во нападот можно е Един Џеко да игра пред Ромелу Лукаку, во тандем со Лаутаро Мартинез.
Победникот од овој дво-меч, во полуфиналето ќе игра против Наполи или Милан.