Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед ќе прави голема реконструкција на тимот во летниот преоден рок. Од „Олд Трафорд“ би можеле да заминат дури 13 фудбалери, откриваат медиумите на Островот.
Најмногу интерес има за младиот Швеѓанец Еланга. Него го лансираше поранешниот менаџер Ралф Рагник, но не добива голема минутажа кај Холанѓанецот Ерик Тен Хаг. Одигра само 24 натпревари во сите натпреварувања, не се прослави на пет старта во лигата. Тој сака да замине, ќе има многу понуди.
Се враќа Ерик Баи, со оглед дека Олимпик Марсеј нема да му го откупи договорот. Во Манчестер Јунајтед најверојатно ќе нема место и за играчи како Телјес, Дони Ван де Бек, Ван Бисака, Марсијал, Брендон Вилијамс, но и за капитенот Мегваер.
Во некои од овие играчи се вложени огромни пари, Мегваер е најскапиот одбранбен играч на сите времиња, но сега клубот не може да заработи ниту третина од вложените 90 милиони фунти. Марсијал често се повредува, а Ван Бисака исто така беше платен премногу скапо.
Навивачите ги интересираат новите можни засилувања.
Не е тајна дека челниците преговараат со Баер Леверкузен за Џереми Фримпонг. Амад Дијало кој импресионираше на позајмица во Сандерленд сега треба да добие шанса на „Олд Трафорд“.
Од напаѓачите приоритет е Хари Кејн, а би можел да му се придружи и младиот Фергусон од Брајтон.
Како засилувања за средниот ред на списокот се и Моисес Каиседо и Алексис Мекалистер, што веројатно би значело дека Скот Мектоминај е на продажба, но цената е околу 60 милиони евра, која веројатно никој нема да ја плати.
Французите Адриен Рабио и Бењамин Павар би можеле да дојдат во Манчестер Јунајтед, а Дензел Дамфрис од Интер е планиран како нов десен бек.
Тимбер од Ајакс останува опција за одбрана, а најголема цел е Џуд Белингем, англискиот репрезентативец кого го бараат сите елитни европски и англиски клубови.