Асот на Репсол Хонда, поранешниот шампион, Марк Маркез ќе го пропушти и Американското ГП во Остин поради скршената дланка која јад доби при падот на Португалското ГП. Шпанецот се удри во мотоциклот на Мигуел Оливеира во опасен инцидент во Портимао за што беше казнет, а доби и скршеница на десната дланка.
Тој го пропушти Аргентинското ГП, но се надеваше дека ќе вози на „Патеката на Америките“ во Остин каде што има шест победи во осум трки. Но, лекарите му советувале да избегне непотребни ризици и ќе паузира со најавен камбек н Шпанското ГП во Херез за три недели.
Проблемите за Хонда за Тексас се огромни, бидејќи и колегата на Маркез, Жоан Мир е повреден, откако ја пропушти неделната трка во Аргентина по повреда на колкот на саботната спринтерска трка.
— Marc Márquez (@marcmarquez93) April 11, 2023