Top Sport

Бешикташ не признава санкции – потпишува скап спонзорски договор со „Газпром“

На турскиот гигант Бешикташ не му се важни санкциите кон Русија, откако се пред склучување на богат спонзорски договор со „Газпром“.

По почетокот на војната во Украина, куќата на европскиот фудбал УЕФА, покрај тоа што ги суспендираше руските клубови од натпреварувањата, се откажа и од спонзорскиот договор на „Газпром“ на Лигата на шампионите, додек во Бундеслигата, Шалке ја прекина долгогодишната соработка со истата компанија.

Според турските медиуми, Бешикташ бара нов главен спонзор за стадионот бидејќи договоро со „Водафон“ завршува на крајот на оваа сезона, и „Газпром“ нуди фантастичен договор на три години со кој клубот ќе заработи повеќе од 60 милиони евра. Тие посочуваат дека веќе утре главните луѓе на клубот ќе отпатуваат во Русија на послени преговори.

Scroll to Top