Top Sport

Реал го продава Ферлан Менди

Реал Мадрид реши летово да го продаде Ферлан Менди кој во 2019 година пристигна во клубот од Лион во трансфер вреден 50 милиони евра.

И покрај добрите настапи на стартот од сезоната, францускиот репрезентативец подоцна имаше големи проблеми со повредите, а соиграчите тоа го искористија за да му се наметнат на Карло Анчелоти.

Исто така Фран Гарсија следната сезона ќе игра за Реал што значи дека Меди има се помалку прстор за да да го убеди Анчелоти дека треба да остена во клубот.

Шпанските медиуми тврдат дека одисејата на Менди во Реал е завршена и додаваат дека клубот ќе се обиде да го продаде за сума слична на онаа што беше издвоена за него пред четири години.

Менди одигра вкупно 130 натпревари за Реал и со него беше двократен шампион на Шпанија и освојувач на Лигата на шампионите.

Scroll to Top