Top Sport

Ал Наср го отпушти Руди Гарсија

Руди Гарсија повеќе не е тренер на Ал Наср, клубот чии бои ги брани Кристијано Роналдо.

Францускиот стручњак го презеде Ал Наср во јуни минатата година, а доби отказ поради наводен лош однос со играчите. Неговите резултати не беа на посакуваното ниво, но клубот сепак му прогледа низ прсти, сепак по конфликтот што го имал со играчите во соблекувалната, клупските челници решиле го отпуштат.

На седум натпревари до крајот на сезоната во првенството на Саудиска Арабија, Ал Наср е втор на табелата, со три бода помалку од лидерот Ал Итихад, од кого неодамна доживеа пораз. Исто така Ал Наср не успеаја да се пласираат во финалето на националниот куп.

Се уште не е познато кој ќе биде наследникот на Гарсија.

Scroll to Top