Top Sport

Сампаоли пред нов ангажман

Севилја неодамна го отпушти Хорхе Сампаоли, поради лошите резултати, но Аргетнинецот нема долго да биде невработен.

Контроверзниот тренер има понуда од бразилски Фламенго и од Премиер лигата.

Имено, како што пренесува „Дејли Мејл“, Нотингем Форест гледа како да се ослободи од Стив Купер, кој е во низа очајни резултати. Доколку вака продолжат „шумарите“, по само една сезона ќе се вратата во Чемпионшип.

Челниците на Нотингем Форес вложија многу пари но преодниот рок, но резултати нема.

Сампаоли треба да дојде и да се обиде да го спаси тимот од испаѓање.

Аргентинецот во кариерата во два мандати ги водеше Марсеј и Севиља, а најголемите резултати ги постигна како селектор на Чиле со кој двапати ја освои Копа Америка.

Scroll to Top