Сенегалскиот напаѓач Садио Мане го удрил својот соиграч Лирој Сане во соблекувалната по 3:0 поразот на Баерн Минхен од Манчестер сити, тврди грманскиот таблоид „Билд“. Инцидентот се случил во соблекувалната вендаш по крајот на првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампиони.
Сане и Мане беа забележани во дискусија и на теренот откако Сити поведе со 3:0, и според „Билд“, расправијата продолжила во соблекувалната, каде што Мане бил навреден од начинот на кој младиот германски фудбалер зборувал со него. По боксот, соиграчите интервенирале и спречиле поголема тепачка, и „Билд“ додава дека Мане ќе биде казнет за инцидентот.
📸 Leroy Sané and Sadio Mané having an argument on the pitch before their alleged dressing room bust-up pic.twitter.com/k29XqMGKdY
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) April 12, 2023