Top Sport

Галтие во 2021: Би можеле ли да немаме толку црни и муслимански фудбалери

Францускиот шампион, Пари Сен-Жермен ќе спроведе интерна истрага за својот тренер Кристоф Галтие и наводните расистички изјави за црните и муслиманските фудбалери додека бил тренер на Ница, тврдат француските медиуми.

Истрагата се однесува за изјавите на Галтие од 2021 година, откако електронската порака од поранешниот спортски директор на Ница, Жулиен Фурние се појави во јавноста, објавнува „РМЦ спорт“.

„Би можеле ли да немаме толку многу црни и муслимански фудбалери во тимот“, изјави Галтие според електронската порака.

56-годишниот Галтие го презеде ПСЖ минатиот јули и има договор до јуни 2024 година. Тој ја освои титулата со Лил во 2020/21 пред сезоната 2021/22 да ја помине во Ница. Да потсетиме, ПСЖ е во сопственост на Катарецот, Насер Ал-Хелаифи.

Галтие преку своите адвокати ги демантираше обвинувањата, а во исто време, навивачката група Ултрас Парис Колектив најави дека го следи случајот и дека ќе побара Галтие да биде избркан од клубот ако се докаже дека изјавите се вистинити.

Scroll to Top