Top Sport

Трагедија во Истанбул, одбојкарка загина откако падна од хотелски прозорец

Mладата 18-годишна одбојкарка Јулија Итума го загуби животот откако паднала од прозорец на хотелска соба во Истанбул, каде нејзиниот тим Новара гостуваше против турскиот клуб Екзачибаши.

Информациите се дека одбојкарката паднала од прозорецот, најверојатно од невнимание, иако ќе се спроведе целосна истрага и реконструкција на случајот.

Јулија Итума е родена во Милано, а нејзините родители имаат потекло од Нигерија. Таа беше еден од најголемите одбојкарски таленти во Италија и во Европа.

Scroll to Top