Top Sport

Дембеле и ВАР за триумф на Барса во Ваљадолид (Видео)

Барселона забележа минимална победа на „Сорија“ стадионот во Ваљадолид, во второто коло, во Ла Лига. Голот за три бода го постигна Усман Дембеле во 57.минута.

Шапанските шампиони не блескаа во Ваљадолид, но на исклучително тешкиот терен за игра ги освоија планираните бодови.

Во ситуација кога Лео Меси и Луис Суарез немаа некое посебно влијание во играта на Барселона, се истакна Дембеле, кој во првиот дел беше најактивен во нападот на Каталонците, а за добрата игра во првото полувреме самиот се награди со гол во второто.

foto: epa

Францускиот репрезентативец одлично реагираше на повратната топка од Серхи Роберто и во 57.минута го совлада Масип.

Ваљадолид во последните секунди постигна гол преку Кека кој по видео-асистенцијата беше поништен.

Scroll to Top