Сите 20 клубови од Премиерлигата објавија дека веќе немада имаат спонорства на обложувалници на предниот дел на нивните дресови почнувајќи од сезоната 2026/27. Одлуката е донесена по дискусијата со британското Министерство за култура, медиуми и спорт, кое ги разгледува правилата за рекламирање на обложување и коцкање.
Англиската лига е прва која го прави ова доброволно, откако во Италија на клубовите од Серија А не им е дозволено вакво спонзорство од 2019 година по владина директива, додека шпанската Ла лига донесе исто ограничување пред стартот на сезоната 2021/22.
Осум премиерлигашки клубови имаат компании за обложување или коцкање на предниот дел од нивните дресови, со проценка од околу 60 милиони фунти спонзорство по сезона. Клубовите ќе можат да носат вакви спонзорства на ракавите на дресовите и на своите стадиони.