Top Sport

Дефанзивецот на Тотенхем, Удоџи влетал со автомобил во бар во Удине!

Дефанзивецот на Тотенхем, Дестини Удоџи, кој игра на позајмица во Удинезе, ја загубил контролата на својот Мерцедес, удирајќи во еден бар во Удине, уништувајќи неколку маси и чадори поставени пред барот, правејќи штета од над 3.000 евра, јавуваат локалните медиуми.

Газдата на барот пристигнал на лице место во 3 часот наутро и за весникот „Ил месаџеро Венето“ изјавил дека изгледало како „да паднала бомба“. За среќа никој не бил повреден во инцидентот.

20-годишниот Удоџи потпиша за Тотенхем минатото лето од Удинезе, но англискиот клуб го остави во италијанскиот клуб на позајмица до крајот на сезоната.

Scroll to Top