Top Sport

Обвинителството во Ница отвори истрага против Галтие

Обвинителството во Ница потврди дека отворило прелиминарна истрага против тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, поради сомневање за дискриминација врз основа на раса или религија додека работел во фудбалскиот клуб Ница.

Истрагата и е доверена на правосудната полиција и е поврзана со обвинувањата против Галтие, потврди за агенцијата Франс прес обвинителот од Ница, Завиер Боном. Тој додаде дека се претресуваат просториите на фудбалскиот клуб Ница.

Боном потврди дека во четвртокот на негова иницијатива била отворена прелиминарна истрага против 56. годишниот фудбалски тренер поради сомневање за дискриминација врз основа на раса или религија.

„РМЦ Спорт“ и другите француски медиуми ја објавија содржината на електронската пошта што поранешниот спортски директор на Ница Жилиен Фурние ја испрати до сопствениците на клубот на почетокот на неделата, во која Галтие, кој ја водеше Ница во 2021 година, рекол дека има многу црнци и муслимани во тимот.

Во изјавата објавена за француските медиуми од неговиот адвокат, Галтие рекол дека е „шокиран кога слушнал за навредливиот и клеветнички“ медиумски извештај и рече дека ќе преземе правни мерки.

Scroll to Top