Top Sport

Нервозниот Клоп потврди дека на Ливерпул нема пари за Белингем

Ливeрпул во понеделник гостува кај Лидс во натпреварот од 31. коло на англиската Премиер лига, а средбата на прес-конференцијата ја најави тренерот на англискиот гигант Јирген Клоп. Освен за претстојниот натпревар, Клоп мораше многу да зборува и за плановите за летото кога се во прашање трансферите.

Тоа не му се допадна, а особено го нервираа прашањата на новинарите за Џуд Белингем. Одличниот играч за врска на Борусија Дортмунд се поврзуваше со Ливерпул, но последните недели почна да се пишува дека во трката останале само Реал Мадрид и Манчестер Сити. Нервозната реакција на Клоп може да се смета за потврда на тие гласини.

„Треба да работите со она што го имате и да ги искористите ресурсите што ги имате. Ако сте петгодишно дете, нема да на родителите да им кажете дека сакате Ферари за Божиќ. Секој играч што го сакаме е играч за кој работиме напорно, но понекогаш едноставно тоа не е можно. Тогаш е најдобро да се повлечеме“, изјави Клоп и се обиде да се извлече:

„Мојот претходен одговор не е поврзан со Белингем, воопшто не разбирам зошто зборуваме за него. Мора да разберете дека едноставно не е реално да се донесат шест играчи и да се плати по 100 милиони евра за секој од нив”.

Scroll to Top