Top Sport

Жалгирис е последниот патник во четвртфиналето

Вечерва заврши регуларниот дел од сезоната во Евролигата. Последен тим кој избори место во плеј-офот е Жалгирис. Литванците се изборија за осмото место благодарение на подобриот меѓусебен дуел со Басконија.

Во Минхен, во дрматичен натпревар, Жалгирис го победи Баерн со 83:80. Лекавичиус со 20 и Шмитс со 16 поени го предводеа литваскиот првак до победата. Жалгирис во плеј-офот ќе игра против Олимпијакос. Инаку, Каунас и арената во која Жалгирис ги игра своите натпревар ќе биде домаќин на завршниот турнир.

Паризан во Белград, во уште една спектакуларна атмосфера, славеше над Панатинаикос со 83:81. Нанели постигна тројка за победа на 30 секунди до крајот на натпреварот.

Партизан заврши на шестото место и во четвртфиналето ќе игра против Реал Мадрид.

Барселона благодарение на победата против Валенсија 85:71, го престигна Реал на табелата и заврши на второто место. Барса во пле-офот ќе гра против Фенербахче.

Последната четвртфинална двојка ја формираа Монако и Макаби.

Scroll to Top