Top Sport

Андонова со гол од корнер, Барса го освои Суперкупот на Каталонија (видео)

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова постигна два гола за да помогне Барселона да го освои Суперкупот на Каталонија со убедлива 7:0 победа над Еспањол.

Андонова прво во 12. минута одлично се снајде во противничкиот шестнаесетник за да го постигне првиот гол за Барса Фемени, а потоа следуваше фантастичниот гол од корнер во 29. минута за водство од 4:0.

Претходно, Андонова имаше извонреден настап и во полуфиналето против Пардињес, кога постигна хет-трик и Барселона триумфираше со 9:0.

Scroll to Top