Top Sport

Исланд го постави Аге Харајде за нов селектор

Поранешниот селектор на данската репрезентација Аге Хареjде ja презеде селекцијата на Исланд, соопшти фудбалската федерација на оваа земја.

Харејде (69) доаѓа на местото на Арнар Видарсон, кој си замина на крајот на март по првите два меча од квалификациите за Евро 2024. Исланд загуби со 3:0 од Босна и Херцеговина и победи со 7:0 против Лихтенштајн.

Харејде беше селектор на Данска помеѓу 2016 и 2020 година. Тој исто така раководеше со Норвешка меѓу 2003 и 2008 година.

„Задоволен сум од назначувањето и имам големи надежи за националниот тим под водство на ЕАге“, изјави претседателот на КСИ, Ванда Сигургеирсдотир.

Scroll to Top