Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром испадна од АБА лигата. Ова откако Борац Чачак направи сензација и го победи Будуќност на гости во Подгорица со 85:87. На МЗТ му бше потребен пораз на Борац за да остане во регионалната кошаркарска елита.
Но, кошаркарите на Борац Чачак не оставија ништо на случајност, па иако имаше драматичен финиш, сепак, успеаја да стигнат до победа за спас, која ги носи во баражот.
Будуќност имаше последен напад за победа на мечот, но Тре Бел-Хејнс не успеа да погоди, а потоа беше направен фаул над Ѓорѓе Гагиќ.
Хантер Хејл е херојот на Борац Чачак. Тој постигна 25 поени во триумфот во Подгорица.