Top Sport

„Кралевите“ минаа победнички низ Кадиз

Реал Мадрид ја оствари 19. победа во Ла Лига оваа сезона откако го победи Кадиз на гости со 0:2. „Кралевите“ се мачеа 70 минути, но потоа Начо Фернандез успеа да ја затресе мрежата на домаќинот.

Во 76.минута погоди и Марко Асенсио и беше јасно дека бодовите ќе патуваат за Мадрид.

Реал сега има десет бода негатива во однос на лидерот Барселона и еден одигран натпревар повеќе.

Scroll to Top