Тренерот на Интер, Симоне Инзаги инсистира дека не е вистина дека неговиот тим се откажал од Серија А со фокус кон Лигата на шампиони и Копа Италија по незгодниот 0:1 пораз од Монца, посочувајќи дека се во игра во сите натпреварувања.
И покрај убедливата 2:0 предност добиена на гости против Бенфика во Лигата на шампиони и пред вториот меч од полуфиналето на Копа Италија против Јувентус, „нераѕурите“ го доживеаја дури 11-тиот пораз во 30 кола во Серија А, само една помалку од новиот прволигаш Монца, поставувајќи притисок на тренерот.
„Не е вистина дека не се грижиме за Серија А и се фокусираме само на куп натпреварувањата. Сакавме да победиме и ова беше лош, негативен меч за нас. Работите едноставно не одат во наша корист во Серија А, и можеби чувствуваме притисок дека ни се потребни поени. 18 месеци бевме најефикасниот тим во Серија А, но во 2023 година не беше исто. Но, остануваме на само два поени од Милан и има уште многу мечеви до крајот. Уште сме во игра во сите натпреварувања“, вели Инзаги.
Inzaghi: "Stesse motivazioni ovunque, mai diverse. E contro di noi i portieri sono i migliori…" #InterMonza #SerieA https://t.co/qro6OMQakk
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) April 15, 2023