Азербејџанскиот тим во кревање товар се повлече од Европското првенство во Ереван, Ерменија, откако на свеченото отварање на шампионатот, беше запалено знамето на Азербејџан, уште еднаш покажувајќи ја нетрпеливоста меѓу двете соседни држави, кои трае од војната во 1990-тите.
На свеченото отварање, еден човек го зема азербејџанскот знаме го пали, и потоа бега откако почна да го брка обезбедувањето. Азербејџанската селекција ова го оцени како неприфатлив инцидент и побара да се гарантира безбедност на нивните спортисти, кои нема да настапат на шампионатот.
Конфликтот во Нагорно Карабах, каде што живее ерменско население, но формално е дел од Азербејџан се случи во 1990-тите, но и последните неколку месеци повторно станува тема со разгорување на конфликтот.
During the opening ceremony of 2023 European Weightlifting Championships in Yerevan Armenia, the barbaric act took place, and the Azerbaijan flag was set on fire. This is deeply unacceptable and shows that Armenia is not ready to host such events. pic.twitter.com/tOzH1xK38W
— Farid Gayibov (@faridgayibov) April 15, 2023