Фајза Ламари, мајката на Килијан Мбапе откри дека нејзиниот син и се јавил лут по неодамнешниот конфликт со Пари Сен-Жермен околу промоцијата на сезонските билети. ПСЖ откри видео во кое ги рекламираше сезонските билети за 2023/24 во кое главна улога имаше Мбапе со многу малку од неговите соиграчи.
„Не се согласувам со објавеното видео. ПСЖ е голем клуб и големо семејство, а не е Килијан Сен-Жермен“, напиша тој на социјалните мрежи.
Сега Ламари открива дека пред тој пост таа му се јавила, но додава дека не се согласува со неговата реакција.
„Килијан зборуваше од срце и во жарот на моментот, беше навистина лут. Реагираше како дете кое е родено во ерата на социјалните мрежи. Секој има свој начин за комуникација. Сфаќав како се чувствува, но му порачав дека сега не е вистинскиот момент да реагира. Но, тој ми одговори: ‘Не, не сакам да чекам, ги знам последиците и ќе ги прифатам’“, вели Ламари.
Овој конфликт повторно остави несигурност околу иднината на француската ѕвезда во ПСЖ, иако го продолжи договорот минатата година.