Top Sport

На Хетафе-Барса, најинтересни беа момците што гледаа фудбал на дрво

Барселона втор меч едноподруго во Ла лига одигрува 0:0, откако не успеа да ја пробие одбраната на Хетафе на гостувањето во предградието на Мадрид.

Најголемо внимание на мечот без голови предизвикаа двајца навивачи на Хетафе, кои најдоа интересен начин да гледаат фудбал, качувајќи се на дрво пред стадионот.

Иако формата во нападот на тимот на Чави Ернандез му носи главоболки, сепак, каталонскиот клуб останува со огромна предност од 11 поени пред Реал Мадрид на врвот на табелата во Ла лига на девет кола пред крајот.

Хетафе, пак, со поенот стигнаа до 31 поени на 15. место на табелата, четири поени над зоната за испаѓање.

Scroll to Top