Светскиот шампион, асот на Дукати, Франческо „Пеко“ Бањаја повторно имаше лоша недела, излетувајќи додека имаше убедливо водство на Американското ГП во Остин, Тексас, препуштајќи му победа на Алекс Ринс во Хонда и водство во генерален пласман на Марко Бецеки.
Бањаја беше супериорен на стартот во Остин од пол-позицијата бргу правејќи предност од неколку секунди, но на 13 круга пред крајот имаше тежок пад завршувајќи надвор од патеката. Ринс потоа, рутински ја извозе трката правејќи разлика од три секунди за победa пред Лука Марини, за кого ова е прв подиум во Мото ГП класата, и ексшампионот Фабио Квартараро на третото место. Бањаја имаше сличен пад и на претходната трка во Аргентина.
Во топ 5 беа и Маверик Вињалес и Мигуел Оливеира, а шестото место на трката беше доволно Марко Бецеки да е лидер во генерален пласман со 64 поени, пред Бањаја со 53.
BAGNAIA IS DOWN
He was leading, and now he's crashed out. He walks away, shaking his head.#AmericasGP pic.twitter.com/OBLUgPI9Nn
— MotoGP on BT Sport (@btsportmotogp) April 16, 2023