Top Sport

Пиоли: Мораме да бидеме претпазливи, Наполи има просек од три гола во ЛШ

Милан, минатата недела, го победи Наполи со 1:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Утре во Неапол, лидерот во Серија А и се уште актуелниот шампион ќе го одиграат реваншот, по кој ќе биде познта патникот во полуфиналето.

За разлика од првиот меч, нападот на наполи ќе го предводи Виктор Осимен. Сепак наполитанците ќе бидат хендикепирани, бидејќи поради суспензии дуелот ќе го пропушат Ким и Ангиса.

„Сè е отворено“, претпазлив е и стратегот на Милан Стефано Пиоли.

„Веруваме во себе, тоа е единствениот правилен пристап. Ќе биде врвен натпревар од највисоко ниво. Нашата верба во себе не почива на резултатот од првиот натпревар, нашата верба почива на нашите можности.

Да, имаме мала предност, но Наполи оваа сезона во Лигата на шампионите дава три гола по натпревар, и тоа против добри противници. Ќе мора да го заслужиме пласманот во полуфиналето. Сигурно е дека и ние и тие ќе имаме малку поинаков пристап од првиот натпревар“.

Scroll to Top