Top Sport

Првиот човек на Челзи им поставил ултиматум на играчите

Првиот човек на Челзи, Тод Боли, разговарал со играчите пред реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Боли заедно со косопствениците на клубот Бехдад Егабли и Хансјорг Вис, по поразот од Брајтон (1:2), влегол во соблекувалната и ги критикувал скапо платените ѕвезди за лошите резултати.

Тој им ставил до знаење дека резултати се срамни и дека газдите очекувале значително подобри резултати откако потрошиле 600 милиони фунти.

Боли им рекол дека сезоната можат да ја спасат доколку го елиминираат Реал во четвртфиналето, во Лигата на шампионите.

Челзи, утре, ќе го пречека Реал на „Стенфорд Бриџ“. Првиот натпревар во Мадрид, Реал го доби со 2:0.

Scroll to Top