Денвер Нагетс го објави списокот на повредени играчи пред вториот меч од серијата против Минесота Тимбервулфс. На листата се наоѓа и најдобриот играч на Денвер, Никола Јокиќ.
Јокиќ има проблем со зглоб на десната рака, поради што е неизвесен неговиот настап. Доколку биде во тимот Јокиќ ќе има ограничена минутажа на теренот.
Актуелниот МВП, се повреди во второто полувреме, на првиот натпревар против Минесота.
Српскиот кошаркар тренираше во вторникот тренирал одвоено. На отворениот тренинг за медиумите изјавил дека зглобот му е во ред.
Вториот натпревар помеѓу Денвер и Минесота се игра ноќта помеѓу среда и четврток од 04:00 часот.