Раководството на Баерн го казни напаѓачот Садио Мане со најголемата казна во клупската историја, пренесуваат германските медиуми.
Репрезентативецот на Сенегал го удри со тупаница својот соиграч Лерој Сане по поразот од Манчестер Сити (3:0) во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите, а овој испад ќе го чини 350.000 евра, објави „Билд“.
Поради овој инцидент, искусниот напаѓач беше отстранет од тимот за натпреварот од против Хофенхајм, а во вторник се врати на тренинзите и ќе биде во конкуренција за вечерашниот реванш со Манчестер Сити.
Сенегалецот минатото лето дојде во баварскиот клуб од Ливерпул и постигна 11 гола на 32 натпревари во сите натпреварувања.