Top Sport

Кварацхелија им се извини на навивачите на Наполи

Грузиецот Квича Кварацхелија беше трагичарот на Наполи во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Еден од најдобрите играчи на водечкиот тим на италијанското првенство промаши пенал во финишот на натпреварот, а на крајот на Наполитанците им недостигаше само еден гол за да го изборат продолженија против Милан.

По натпреварот, Кварацхелија на „Инстаграм“, им се извини на навивачите и вети дека тимот ќе се врати посилен.

„Тешко ми е да ги гледам вашите солзи бидејќи ја не ви ја донесов среќата. Ќе дадам се од себе да научам нешто од ова искуство. Многу ми е жал и благодарен сум за поддршката што ја чувствувам секоја секунда! Ве сакам сите и ветувам дека ќе се вратиме посилни. Имаме многу натпревари пред нас“, напиша 22. годишниот фудбалер кој ја воодушеви Европа оваа сезона. Тој постигна 14 гола со 16 асистенции во сите натпреварувања.

Scroll to Top