Карло Анчелоти беше задоволен што неговиот поранешен клуб Милан влезе во полуфиналето од Лигата на шампионите по 2:1 победата во двомечот со Наполи, за прв пласман во полуфиналето до 2007 година, кога токму под водство на Анчелоти, Милан последен пат беше во полуфиналето.
Анчелоти претходно призна дека посакува дуел меѓу неговите Реал Мадрид и Милан. Карлето освои четири титули од Лигата на шампионите со Милан, две како фудбалер и две како тренер во 2003 и 2007, како и еден пораз во финалето на ЛШ, во Истанбул во 2005 во драмата против Ливерпул.
„Дали се сеќавам? Секако, пред 16 години, нели? 2007 во Атина против Ливерпул. Ова е големо остварување за Милан и честитки за клубот и за Паоло Малдини. Имам симпатии и кон Наполи, кои имаат фантастична сезона како најдобриот италијански клуб и го заслужуваат респектот. Порака за Малдини? Веќе му пратив порака“, вели Анчелоти.