Top Sport

Рашфорд и Шо се враќаат за Јунајтед против Севилја

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хааг ги вклучи Маркус Рашфорд и Лук Шо во својот 21-член состав за утрешниот реванш од четврт-финалето на Лига Европа против Севилја на „Рамон Санчез Писхуан“ во четврток.

Рашфорд се враќа во составот откако ги пропушти последните ддва натпревари по повредата која ја доби на мечот со Евертон на 8 април, а во тимот се враќа иа Лук Шо, кој го повреди бутниот мускул на почетокот на месецот.

Двајцата ќе му бидат потребни на Тен Хаг, бидејќи „ѓаволите“ ќе мора да бркаат победа на гости во Шпанија, откако во првиот меч „прокоцкаа“ 2:0 водство и си дадоа два автогола за мечот да заврши 2:2.

Scroll to Top