Шпанскиот ветеран Алехандро Валверде во спринтерски финиш го совлада Полјакот Михал Квјатковски на втората етапа на Вуелта Еспања од Марбелја до Каминита дел Реј, но Квјатковски може да се утеши со лидерската црвена маичка по „колапсот“ на победникот на првата етапа, Роан Денис.
Валверде (Мовистар) успеа со пеколен финиш да го помине Квјатковски (Тим Скај) на последната кривина на нагорниот финиш на 163.5 километри долгата етапа, додека третото место го освои Белгиецот Лоренс де Плус (Квик Степ). Ова е 10. етапна победа на Вуелта за Валверде.
На жешкиот ден во јужна Шпанија, темпото го диктираа тимовите на Мовистар и Тим Скај, нешто што фати дел од фаворитите неподготвени. Австралиецот Ричи Порти, Италијанецот Винченцо Нибали, светскиот шампион, Словакот Петер Саган и победникот на првата етапа Денис загубија време откако главната група заостана над шест минути.
Квјатковски сега има предност од 14 секунди во генерален пласман пред Валверде, додека трет е Вилко Келдерман (Санвеб) со 25 секунди заостанување.
✊ Asombroso | Astounding
? ¿Qué le preguntarías? | What would you ask him? #LaVuelta18 pic.twitter.com/qWffHJ0L10
— La Vuelta (@lavuelta) August 26, 2018
? Etapa 2 | Stage 2 #LaVuelta18
?? Clasificación General | General Classification
+ info ➡️ https://t.co/7s84I3FjHm pic.twitter.com/QyIKbNc1TK
— La Vuelta (@lavuelta) August 26, 2018