Top Sport

ПМФЛ: Вардар со победа го прослави роденденот на Комити Ченто, „Академците“ без утка (видео)

Академија Пандев го зачува стоотстотниот учинок на стартот на Првата македонска фудбалска лига, откако со 1:0 го совладаа Шкупи во Струмица за 3 победи од 3 меча, додека Вардар со гол од пенал беше подобар од Македонија Ѓорче Петров на „Борис Трајковски“ во Маџари, каде што локалната навивачка група „Комити Ченто“ ја прослави својата 10-годишнина.

Човек на одлука за Вардар повторно беше Тигран Барсегјан, откако го постигна единствениот гол на мечот во 41. минута од мечот, за втора победа во три меча за Вардар и второ место на табелата.

На првото остануваат Академија Пандев, кои имаат 3-од-3 во Првата лига, откако со голот на Димов стигнаа до минимална 1:0 победа над Шкупи. Работнички полека се враќа во форма, и по поразот во првото коло во Ренова, немаше проблеми на гостувањето кај Победа стигнувајќи до 2:0 победа. Силекс во финишот на натпреварот стигна до 1:0 победа над Ренова.

ПРВА ЛИГА, 3.КОЛО

Академија Пандев – Шкупи 1:0

Победа – Работнички 0:2

Силекс – Ренова 1:0

Вардар – Македонија ЃП 1:0

ТАБЕЛА:

1.Академија Пандев 9, 2.Вардар 7, 3.Работнички 6, 4.Силекс 4, 5.Победа 4, 6.Ренова 3, 7.Шкендија (-1) 2, 8.Шкупи 2, 9.Македонија ЃП 1, 10.Беласица (-1) 0.

Фото: ФК Вардар

Видео: Вардар Фанс


Scroll to Top