Top Sport

Гвардиола: Ако го сакате трофејот во ЛШ, мора да го победите Реал

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по пласманот на тимот во полуфиналето од Лигата на шампионите изјави дека секој кој сака да стане шампион на Европа мора да го победи Реал.

Во полуфиналето Сити ќе се сретне со Реал Мадрид кој го елиминираше Челзи. За многумина вој дуел е финале пред финалето.

„Мислам дека сите клубови во светот го имаат истото чувство: ако сакате да го освоите трофејот во Лигата на шампионите, треба да го победите Реал. Некогаш важеше за Барселона, но сега Реал е тој што се прашува“, рече Гвардиола.

Сити полесно од очекувањата го елиминираше тимот на Баерн, се беше јасно веќе по првиот натпревар кога „Граѓаните“ славеа со 3:0, вчерашниот реванш заврши со резултат 1:1.

Scroll to Top