Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека Вилијам Салиба ќе го пропушти претстојниот натпревар против Саутемптон процесот на рехабилитација по повредата на грбот не се одвива според планот.
Салиба ги пропушти последните четири натпревари поради повреда што ја заработи против Спортинг Лисабон во Лига Европа.
„Се уште треба да почекаме. Не напредува толку брзо како што се надевавме. Ситуацијата е деликатна и сакаме да бидеме сигурни дека кога ќе го вратиме на теренот, тој ќе биде подготвен да се справи со темпото, а во моментов тоа не е можно“, рече Артета. .
Запрашан дали Салиба ќе го пропушти остатокот од сезоната, Артета рече: „Не знам, се уште е рано“.
Арсенал утре ќе го пречека Саутемптон и потребна му е победа за да го задржи водството на табелата. Арсенал има 74 бодови, четири повеќе и натпревар повеќе од второпласираниот Манчестер Сити. Саутемптон е последен на табелата со 23 бода, четири помалку од безбедносната зона.
Артета изјави дека натпреварот најверојатно ќе го пропушти и Олександр Зинченко, кој се уште не се вратил на тренинзите поради повреда на мускулот.