Top Sport

Феликс ќе остане во Премиер лигата

Жоао Феликс солидно го почна мандатот во Челси, но на последните неколку натпревари и тој се вклопи во сивилото во кое влезе целиот тим.

Португалецот, во јануари, како позајмен играч од Атлетико Мадрид се пресели во Челси. Од позајмицата Атлетико заработи 11 милиони евра.

Челси има опција да го откупи договорот на Феликс, но како што сега стојат работите тоа нема да се случи. Атлетико за играчот кој има договор до 2027 година, бара 100 милиони евра. Челси се обиде да го понуди Кристијан Пулишиќ и одредена сума на пари, меѓутоа Атлетико ја одби оваа понуда.

„Кадена СЕР“, тврди дека Феликс нема да се врати и ќе остане во Премиер лигата. Сериозен интерес за него покажува Њукасл. Проблем е што „страчките“ немаат намера да платат повеќе од 100 милиони евра.

Според овој извор Њукасл за Феликс ќе понуди помеѓу 70 и 80 милиони евра.

Жоао Феликс е најскапото засилување во историјата на Атлетико. Во јули 2019 година, „јорганџиите“ за него на Бенфика и платија 127 милиони евра.

Scroll to Top