Top Sport

Реал: Модриќ не го продолжи договорот, во преговори сме

Реал Мадрид и Лука Модриќ разговараат за продолжување на договорот кој истекува за два месеци, но се уште ништо не е договорено, ниту потпишано, изјави претставник на Реал Мадрид за хрватската агенција Хина.

Поранешниот напаѓач на Реал, Предраг Мијатовиќ (54), кој работи како коментатор за шпанското радио Кадена СЕР, претходно тврдеше дека клубот се согласил да ги продолжи договорите на Модриќ, Тони Крос и Карим Бензема.

„Добра вест е што Крос ќе го продолжи договорот на уште една година. Се е договорено и со Бензема и со Модриќ. Имам чувство дека сите тројца ќе потпишат нови договори“, рече.

Анонимен функционер на Реал, истакнал дека Мијатовиќ „нема врска со канцеларијата на спортскиот директор“ ниту е вработен во Реал Мадрид.

„Клубот и Лука ќе продолжуваат преговорите, ништо не е договорено или потпишано“.

Scroll to Top