Кошаркарите на Филаделфија стигнаа до третата победа над Бруклин во четвртфиналето од плејоф серијата на Истокот и сега водат со 3-0.
Како гости славеа со 102:97, но по мечот во кој во центарот на вниманието беше Џоел Ембиид, кој многумина мораше да биде исклучен на самиот почеток од мечот.
Веднаш штом започна третата минута од натпреварот, при резултат 4:4, Ембиид го удри Клакстон во меѓуножјето, судиите го прегледаа видеото и изненадувачки решија да ја остават ѕвездата на Филаделфија на теренот.
По натпреварот Ембид призна дека намерно го удрил противникот. Бил испровоциран и морал да се брани.
Embiid kicks Claxton after he stares him down and steps over him 😳pic.twitter.com/ZWlu0CBsYH
— Yahoo Sports (@YahooSports) April 20, 2023
На почетокот на третата четвртина, по дуелот со Ројс О’Нил, Џејмс Харден беше исклучен, а кога подоцна Клакстон ја заработи втора техничка грешка, тоа беше крај на приказната за Нетси.
Тајрис Макси ја предводеше Филаделфија до победата со 25 поени, Харден го заврши натпреварот со 21 поен, додека Тобијас Харис постигна 15 поени.
Harden got ejected after this flagrant 2 foul on Royce O'Neale pic.twitter.com/a2bzAqY1kX
— Bleacher Report (@BleacherReport) April 21, 2023