Европската фудбалска унија (УЕФА) ги замрзна цените на билетите за овогодинешното финале во Лигата на шампионите во Истанбул.
Цената на билетот за сите четири категории е иста како и за ланското финале во Париз меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.
Најскапиот билет за мечот закажан за 10 јуни чини 690 евра, а најевтиниот 70 евра, објави УЕФА.
Секој финалист ќе добие по 20.000 влезници, како и лани, за натпреварот што ќе се одигра на Олимпискиот стадион „Ататурк“ со капацитет од 72.000 седишта.
Во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе играат Реал Мадрид-Манчестер Сити и Милан – Интер.