Кошаркарот на Филаделфија Џоел Ембид ќе го пропушти четвртиот натпревар од плејоф серијата против Бруклин поради повреда на коленото.
Камерунецот бил подложен на магнетна резонанца која покажала дека има истегнување на десното колено и дека ќе се врати во тимот на почетокот на следната недела.
Не е познато дали тој ќе се врати на потенцијалниот петти натпревар во оваа серија, кој на програмата е во понеделник, доколку Сиксерси не ја завршат работата во четири натпревари против Бруклин.
Сиксерси водат против Бруклин Нетс со 3-0 во серијата, а следниот меч се игра вечерва од 19 часот по средноевропско време.
Ембид, еден од фаворитите за освојување на наградата за најкорисен играч во НБА, го повреди коленото во третата четвртина од третиот натпревар против Бруклин.