Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, вчера ги изненади сите со слетувањето на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона. Светскиот шампион од Катар 2022 година пристигна во придружба на семејството и најблиската придружба.
Ѕвездата на светскиот фудбал доби неколку дена одмор и ја искористи можноста да се врати во градот.
Сепак, нешто љубопитно не им избега на медиумите, кои посочија дека Меси слетал со 15 куфери, што е доста љубопитно. Прашањето е дали Меси наскоро трајно ќе се врати во Барселона.
Договорот на Меси со ПСЖ истекува на лето. Претседателот Лапорта и тренерот Чави бараат решение за да му обезбедат договор на „Камп Ноу“.