Шкупи ремизираше без голови на гостински терен против Тиквеш во Кавадарци со што веројатно отпаѓа од трката за шампионската титула, која ќе се води меѓу лидерот Струга ТЛ и Шкендија, која има три бода помалку.
Силекс ја совлада Македонија ЃП со 1:0, а Работнички со идентичен резултат славеше на гости против Поведа во Прилеп. На „Автокоманда“, во дуелот за опстанок, Скопје и Академија Пандев ремизираа 1:1. Тоа е разврската во 28.коло од Првата фудбалска лига на Македонија.
Давид Манасиевски во третата минута беше стрелец на голот за Силекс на мечот против Македонија ЃП. Работнички победи во Прилеп со 0:1 против Победа, со голот на Кире Маркоски во 30.минута.
Академија Пандев поведе на „Автокоманда“ со голот на Ване Крстевски во втората минута, но израмни Азер Омерагиќ со погодокот во 59.минута од мечот.
Вчера, Шкендија ја победи Брегалница во Штип со 0:1, со голот на Клисман Цаке во 65.минута.