Кошаркарите на Минесота, по едно продолжение, го победија Денвер со 114:108 во четвртиот натпревар од првото коло на НБА плеј-офот на Западната конференција и го намалија резултатот во серијата на 3-1.
Нагетс, во последните две минути надополнија негатива со серија од 12:0 и обезбедија продолженија, но не успеаја да победата и да ја завршат серијата.
На тимот од Колорадо не му помогна ниту Никола Јокиќ, кој мечот го заврши со 43 поени (15/26 од поле, 5/8 за три), 11 скока и 6 асистенции за 39 минути. Српскиот центар го израмни рекордот на франшизата по број на натпревари во плејофот во кои постигна 30+ поени, а кој претходно ги држеше Алекс Инглиш.
Ентони Едвардс ја предводеше Минесота со 34 поени (5/12 за три), 6 скока и 5 асистенции, Мајк Конли додаде 19 со 8 асистенции, Карл-Ентони Таунс 17 и 11 скока, а Руди Гобер 14 поени и 15 скока.
Една победа до пласман во второто коло ги дели и Бостон Селтикс. Бостон, во Атланта со 129:121 го доби четвртиот натпревар од оваа серија.
Џејсон Тејтум и Џејлен Браун постигнаа по 31 поен, Маркус Смарт 19, Дерик Вајт 18, а Роберт Вилијамс додаде 13 поени, 15 скока, 3 асистенции и 2 украдени топки.
Во домашниот тим Треј Јанг запиша 35 поени и 15 асистенции, го следеа Деандре Хантер со 27 и Дежонте Мареј со 23.