Top Sport

Аталанта со триумфот над Рома ги врати надежите за ЛШ

Аталанта го доби дуелот против Рома во Бергамо со 3:1 и ги врати надежите дека сепак може да избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Сега Аталанта има 52 бода, четири помалку од четвртопласираниот Милан кој е на позиција што води во ЛШ.

Марио Пашалиќ го отвори резултатот во 39.минута, а Рафаел Толои зголеми на 2:0 во 74.минута.

Лоренцо Пелегрини во 83.минута за момент даде надеж за Рома, но Теун Копмајнерс само минута подоцна постигна трет гол за Аталанта и го завери триумфот.

Scroll to Top