Двајца одлични шпански судии, Антонио Матеу Лахоз и Карлос Дел Серо Гранде, следната сезона нема да судат на терените во Примера.
Претседателот на Техничкиот комитет на судии (CTA) и поранешен судија, Луис Медина Канталехо, ги известил Лахоз и Дел Серо Гранде дека нема да продолжат како активни судии следната сезона. Постои можност и двајцата следната сезона да бидат ВАР судии, што е единствениот начин да продолжат да судат во Шпанија. Сепак, барем во случајот со Лахоз, тоа нема да се случи.
Сепак, има и други опции, Лахоз претходно беше најавен како судија кој за добра плата ќе суди во првенството на Саудиска Арабија.
Веста доаѓа во екот на неповолната клима околу шпанската арбитража, а се ескалира на 15 февруари, кога започна „случајот Негреира“. Се работи за поранешен потпретседател на шпанската судиска комисија на кого Барселона наводно му платила неколку милиони евра на неговата компанијата.
Не се знае дали „симнувањето“ на овие двајца од судискиот список за следната сезона е поради вмешаност во некои нечесни работи или и двајцата веќе нашле некои нови предизвици и подобро платени работни места.
Одлуката да не им се обноват договорите на овие судии предизвика дебата во светот на шпанскиот фудбал, бидејќи тие се двајца од најискусните и најреномираните судии во земјата. Според некои извори, одлуката на Едуардо Медина Канталехо била мотивирана од потребата да се обнови судискиот состав и да им се отстапи место на нови млади судии.
Само во Примера Лахос судел 280, а Дел Серо Гранде 231 натпревар.